еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

КОД: ЕВН фати познати угостители во кражби на струја – една пекарница крадела струја колку за едно село

Околу 600 корисници краделе струја преку манипулација на броило кое ја замрзнува потрошувачката, објави КОД, кој се емитува на телевизијата Телма.

Најголемиот дел од нив се познати хотели, кафулиња, кафеани, пекарници од Скопје и од земјата, лоцирани во Дебар мало, на улица Македонија, во Лептокарија во Скопје, на Широк сокак во Битола и на други атрактивни локации низ Македонија.

Кражбите на струја биле евидентирани од страна на системот на ЕВН, кој веднаш реагира на отстапки во потрошувачката, по што екипите на ЕВН прават контроли на терен. Во една пекарница утврдено е дека се украло струја во количество на просечна потрошувачка на едно село. Со овој вид на манипулација на броилата, тие не само што не евидентираат потрошувачка, туку и ја враќаат струјата назад.

Екипите на ЕВН излегле на терен и во еден ден на една локација извадиле 10 броила кои покажале големи грешки и фреквенции многу повисоки од вообичаеното. Поради закани на терен често пати екипи од еден град се праќаат во друг. На овие броила покрај другите мерки им биле издадени фактури по претпоставена вредност колку би потрошиле.

За сите сторители на кражби на струја ЕВН поднел кривични пријави до Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека пријавите се примени и по нив се постапува.

Кражбата на струја е кривично дело и предвидена е казна затвор од 5 години и парична казна за компаниите од 1.500 до 15.000 евра. Годишно се евидентираат околу 350 случаи на кражби на струја.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ го доби тендерот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството за набавка на гориво вреден 4,5 милиони евра

Редакција

Од ноќеска на полноќ ќе се точат горива по поевтини цени

Редакција

Шведска потпиша барање за влез во НАТО

Редакција