еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови директори во Катастар, Агенцијата за странски инвестиции, Државниот инспекторатот за земјоделство…

Владата на денешната донесе одлука за именување на нови кадри.

Васе Анакиев се именува за в.д. директор на Државниот инспекторатот за земјоделство. Анакиев е дипломиран инженер агроном и магистер на економски науки, со работно искуство во Министерството за шумарство и водостопанство. Бил претседател на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште, велат од Владата.

Весела Честоева, се именува за в.д. директор на Управата за заштита на културното наследство. Честоева дипломирала на Институтот за Историја на уметноста и Археологија при Филозофскиот факултет во Скопје и е магистрант на Институтот за национална историја. До 2024 година е директор на ЈОУ Вински музеј за регион Тиквеш- Кавадарци, а претходно и директор на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како и пратеник во Собранието, посочуваат од таму.

Иван Живковски се именува за в.д. директор на Агенцијата за катастар на недвижности. Живковски има магистрирано на тема „Правниот статус на Агенцијата за катастар и недвижности како државен орган“, а има дипломирано на правиот факултет „Јустинијан Прв“ во Скопје. Работи како адвокат. Во минатото бил и претседател на Студентскиот парламент на УКИМ и има учествувано во повеќе органи на управување, велат од таму.

Данијел Апостолоски се избира за управител на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска Сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје. Апостолоски е дипломиран професор по физичка култура и магистрант на Факултет за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје. Има работно искуство во ДСУ „Спортска академија“ Скопје, велат од таму.

Амет Зибери се именува за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Даут Мемеши се именува за в.д. директор на Бирото за регионален развој.

Рефик Џемаили се именува за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија.

Александар Донев се именува за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем.

Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Македонија во Истанбул, Турција. Ратајковски е магистрант на катедра за Историја на УКИМ, а работи како новинар и уредник во МРТВ на Културно-документарна програма и автор и сценарист на документарни филмови, велат од Владата.

Мими Ѓоргоска Илиевска, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Македонија во Загреб, Хрватска. Ѓоргоска Илиевска е магистер по филолошки науки, универзитетски професор и експерт за заштита на аудиовизуелното наследство. Има повеќе од 20 години работно искуство во филмската дејност и дејноста на заштита на аудиовизуелното наследство. Член е на Европската филмска академија, а има раководено со Агенцијата за филм и Н.У. Кинотека, посочуваат од таму

Васко Шутаров, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Македонија во Белград, Србија. Шутаров дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Бил советник во советот на Општина Гевгелија и пратеник во собранието, а автор е на број научни трудови и книги., велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешени национални координатори

Кои се новите директори на клиниките

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седумгодишното дете кое загина во пожар во зграда во Гостивар било врзано со ланец на нозете, открива Обвинителство

Редакција

Детален преглед на состојбата со пациенти заболени со Ковид-19 по болниците

Редакција

Бучковски на „тапет“ на Твитер откако Владата го назначи за специјален преставник за Бугарија

Редакција