Од пред неколку дена Македонија доби нов скијачки центар „Михајлово“ на Кожуф во Кавадарци, кој моментално има една скијачка патека.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледа ски-центарот „Михајлово„ во Кавадарци
Таму засега работи еден локал, каде кафе се продава по цена од сто денари, па нагоре, безалкохолни пијалаци и ладни чаеви по 100 денари, а алкохолни пијалаци од сто до 120 денари. Половина литар вино се продава за 220 денари, пишува Фокус.
Цената на салатите се движи од 140 до 220 денари, ладните сендвичи и бургери се од 170 до 270 денари, а порција скара е од 200 до 270 денари.
За десерт се нудат палачинки и крофни, од 120 до 180 денари.
Дневната карта за ски-лифтот е 500 денари, има ски-опрема за изнајмување, а пак картата за ски-тепихот е 200 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекции од Гевгелија и Кавадарци за локален развој
Фото: Влада