еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Компанијата за испорака на храна Wolt наскоро во Македонија

Wolt, иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, слави 10 години постоење и го најавува своето претстојно лансирање во Северна Македонија.

Со оваа експанзија, нашата држава ќе се приклучи на растечката мрежа на Wolt, која покрива 28 земји и вработува над 12.000 луѓе.

Патувањето на Wolt започнува во 2014 година како мала стартап компанија со шест коосновачи, а денес е водечка платформа која поддржува економска активност од 19 милијарди евра на пазарите каде е присутна и дава значителен придонес во економиите на регионите во кои работи. Во изминатата деценија, Wolt соработуваше со повеќе од 150 000 трговци, обработувајќи 700 милиони нарачки,“ велат од компанијата.

Најпопуларниот производ во сите 28 земји е хамбургерот, со вкупно 130 милиони нарачки. Достигнувањата на Wolt вклучуваат рекорди како достава што патувала 4. 000 километри низ седум земји, од Грузија до Германија, како и најголемата поединечна нарачка од 8.559 евра за електронска опрема.

Надвор од својот основен модел за испорака, Wolt ги диверзифицираше своите услуги за да вклучи други важни производи, како лекови и електроника.

Што ги привлекува луѓето кон Wolt?

Партнерите за испорака се привлечени од флексибилноста и дополнителните можности за заработка, со преку 450 000 поединци кои соработувале со Wolt, колективно заработувајќи 3 милијарди евра. Клиентите ја ценат брзата и достапна услуга на платформата за достава.

Во текот на изминатата деценија, Wolt стана синоним за сигурна достава и се етаблира како клучен сојузник за локалните бизниси. За да го поддржи ова, Wolt постојано развива технолошки алатки, кои се движат од локална логистика до малопродажни софтвери и финансиски решенија, а работи и со свои продавници за прехранбени производи под брендот Wolt Market.

Фото: Unsplash

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски предложи пакет мерки за ублажување на економските последици од кризата

Редакција

Убава вест: Оздравени 28 болни од Ковид-19

Редакција

Русија е подготвена за преговори за предавање на Украина, но има свои услови

Редакција