Конечно ќе има меѓународна потерница и за осомничениот во случајот „Адитив“, Васко Ковачевски, поранешен директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), за кој се уште нема официјална информација каде се наоѓа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде е Васко Ковачевски? За него нема ни потерница, ни мерки
Како што информираа од Основното јавно обвинителство, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) донело Наредба за распишување на потерница и предложило притвор за него.
Ковачевски од Кривичниот суд Скопје доби притвор од осум дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичен не може да одреди мерки на претпазливост за Ковачевски, бидејќи го нема
-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла, наведувајќи дека осомничениот не е достапен на органите на прогонот.
Согласно своите законски надлежности, јавните обвинители кои постапуваат во предметот до судијата на претходна постапка веднаш доставија Жалба по однос на донесеното Решение за отфрлање, како и Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот која мерка ќе биде активна по неговото пронаоѓање.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.
Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до Министерството за внатрешни работи (МВР) доставија Наредба за распишување на национална потерница и Изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице, велат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за Васко Стефанов, Васко Ковачевски останува недостапен
Истрагата за предметот „Адитив“ започна на 10 овој месец и со него се опфатени 23 физички лица и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„
Ковачевски не се откажал од македонско државјанство, Тошковски не сака да шпекулира каде е
Фото: ЕСМ