еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот „Соучесници”

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ.

Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ.

Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска.

Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа Интерфилм од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку Партизанс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија на врвот на листа на депортации од Германија, годинава депортирани 774 македонски држвјани

Редакција

Васил Гарванлиев останува македонски преставник за Евросонг, одлучи МРТ

Редакција

Детален преглед: Бројот на активни случаи на корона вирусот во скопските општини има мало намалување

Редакција