еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Корупцијата и непредвидливото бизнис опкружување, пречки во водењето бизнис за холандските компании

Амбасадорката на Холандија, Узлем Џанел ги претстави резултатите од анкетата спроведена меѓу холандските компании во 2024 година на настан на кој присуствуваа претставници од владините институции, економските комори, холандскиот бизнис сектор и бизнис асоцијациите.

„На скала од 1 до 10, учесниците во анкетата ја оценија бизнис климата во државата со 5,7, што е за 6% подобар резултат споредено со резултатите од последната анкета спроведена во 2022 година.

Како клучни фактори кои би влијаеле во проширување на бизнисот во земјата беа наведени ниските оперативни трошоци, владината поддршка, растечката побарувачка за нивните производи, како и леснотијата на водењето бизнис.

Од друга страна, недостатокот од квалификувана работна сила и нивото на образование и обука како и корупцијата и непредвидливото бизнис опкружување беа идентификувани како главни пречки во водењето бизнис.

75% од испитаниците сметаат дека достапноста на дигитални јавни услуги е многу важна за нивното ефикасно работење и намалување на трошоците.

Скоро сите холандски компании кои работат во земјава се активни на полето на корпоративно општествената одговорнрност, со главен фокус на заштита на животната средина, безбедност при работата и политики за добросостојба на вработените“, кажа таа.

Резултатите од анкетата беа претставени на настан со кој се одбележа Денот на холандскиот претприемач.

Во нејзиното обраќање, амбасадорката Џанел ја нагласи и важноста на претприемачите како суштинска движечка сила за иновации, напредок и општествени промени.

„Денес го славиме претприемачкиот дух кој е многу повеќе од отворање на еден бизнис. Претприемништвото подразбира и издржливост, визија и храброст кои водат кон нови можности и раст,“ рече таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на „Паркови и зеленило“ за набавка на две возила вреден 22.000 евра

Редакција

Психијатар и психолог сведочеа на денешното рочиште за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

Африм Гаши реизбран за претседател на Алтернатива

Редакција