еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој е македонскиот ланец Стокомак, кој влегува на српскиот пазар

Како што објави српскиот спецјализиран портал retailserbia.com, македонскиот малопродажен ланец Стокомак ДОО Скопје планира влез на српскиот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски Стокомак влегува на српскиот пазар

Ланецот веќе основал централа во Ниш, а засега нема официјални информации колку маркети планира да отвори и каде.

Кој е Стокомак

Иако е еден од најуспешните ланци на маркети во Македонија, пред се поради ниските цени, многу малку информации се знаат за него.

Основан е во 1997 година од брачниот пар Зоран и Ѓурга Ѓеоргиеви, кои и управуваат со него.

Во Македонија досега има отворено 73 маркети.

Последниот беше отворен неодамна во Куманово на површина од 1.100 метри квадратни.

Стокомак според податоци на БизнисМрежа лани имал нето добивка од 4,1 милиони евра, што е за 18,8 % повеќе од 2022 година и 14,3% повеќе од 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Carrefour се враќа во Македонија?

И италијанскиот ланец на супермаркети Conad најавува влез во Македонија

Фото: Стокомак/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Васко Ковачевски и официјално нов генерален директор на АД ЕСМ

Редакција

Актуелните мерки за влез во Грција, продолжени за уште една недела

Редакција

Борисов до Ковачевски: Фатете го бикот за роговите, важните прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата треба да ги решите веднаш

Редакција