Актуелниот градоначалник на Општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски е кандидат на партијата за нов министер за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ во новата Влада: Мицкоски ги објави имињата
Образование
Средно образование завршил во Отава, Канада.
Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2009 година.
Во 2011 година станал магистер по право, а во 2019 година ги завршил и докторските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први”.
Работно искуство
Во 2009 година е избран за демонстратор на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Во 2015 година е избран за асистент – докторант на истиот факултет, а во 2019 година е избран за Доцент на научната област Римско право.
Тој е и ко-автор на два основни универзитетски учебници, во издание на Правниот факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” и тоа: Корпоративно управување (2014) и Право на игрите на среќа (2013).
Ко-автор е и на над 20 научни и стручни трудови од областа на правните науки објавени во меѓународни научни списанија.
Политичка кариера
Од 2015 до 2017 година, Муцунски е заменик на министерот за информатичко општество и администрација.
Од 2018 година е избран за Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2020 е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.
Во јануари 2022 година стана потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Приватно
Муцунски е оженет за Симона, со која го имаат синот Иан.
Неговата сопруга е исто така правник и работи во банка.
Повеќе информации за неговиот приватен живот ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии
Сите министри во новата Влада: Детален преглед
Фото: Муцунски/Фејсбук