еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој сè освен Села и Таравари е дел од Претседателството на Алијансата за Албанците

Поради тоа како треба владејачката Алијанса за Албанците (АА) да настапи на престојните парламентарни избори настана несогласување помеѓу претседателот на партијата, Арбен Таравари и поранешниот лидер, Зијадин Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари на изборите сака Алијанса за Албанците да се приклучи на албанската опозиција

Таравари смета дека партијата треба да настапи во коалиција со Европскиот сојуз за промени, која ја сочинуваат Беса, Алтернатива и Демократско движење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Села: Алијанса на Албанците не е на пазар и не се продава, оди сама на избори

Села, пак, смета дека партијата треба да настапи сама, што, како што вели, е став на Централното претседателство на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападнат директорот на Алијанса за Албанците, Небиу, оти му дал подршка на Села

Поради несогласувањата, се случи и инцидент. Синоќа физички беше нападнат кадарот на АА, Дритон Небиу, кој е директор на Агенцијата за управување со одземен имот, кој даде подршка на Села, а Небиу за медиумите изјави дека го нападнал подржувач на Таравари.

Како партијата ќе настапи на престојните избори треба да одлучи Централното собрание.

Претседател на Централното претседателство пак е Села, а членови освен Таравари, се и министерот за правда, Кренар Лога, Бујаре Абази, Елими Азири, Исен Шабани, Бедри Ајдари

Сите членови ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пронајден куршум во дворот на Таравари

Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Фото: АА/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Два нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци

Редакција

Протестен марш за „Јавна соба“: Жртвата никогаш не е виновна, доста беше молк

Редакција

„Донирај компјутер“ во нова работилница, донирани близу две илјади компјутери

Редакција