еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој ќе го купи имотот на Груевски и Мијалков, еве што се продава

Наскоро ќе се продава имот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија откако избега од Македонија и на поранешниот прв човек на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Станува збор за имот кој е запленет во судски случаи против нив. Доколку истиот се продаде, државата би заработила околу 29 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се продава и имот на Груевски, проценет на 8 милиони евра

Каков имот на Груевски ќе се продава

Досега државата не заработила од продажба на имот на Груевски. За првпат негов имот ќе оди на лицитација.

Ќе се продаваат два стана на улицата “Бихаќка“ во Скопје, три апартмани во „Панорама резиденс“ во Скопје, како и плацеви на Водно..

Од Агенцијата за управување со одземен имот информираа дека становите и апартманите се проценети на 1,9 милиони евра, а плацевите на Водно на 5,8 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

20 станови, 4 апартмани и земјиште на Мијалков наскоро ќе се продаваат на лицитација

Каков имот на Мијалков ќе се продава

За разлика од Груевски, државата досега заработила околу 600 илјади евра.од продажба на запленет имот на Мијалков.

Овојпат на продажба ќе одат 20 станови и осум гаражни места на улицата “Славејко Арсов“ во Скопје, два апартмани во хотелот “Панорама Резиденс“ во Скопје, два апартмани во хотелот “Парк“ во Охрид, како и градежно земјиште во Радња, Центар и Богородица, и деловен простор на улицата „11 Октомври“ во Скопје.

Целиот овој имот е проценет на 21,4 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ни Чак Норис не може да си купи стан сам од себе“: Твитер реакции за Мијалков чии конфискувани станови ги купи неговиот син

Досега од имот на Мијалков се продадени два апартмана во Охрид и градежно земјиште во селото Радња (меѓу Демир Капија и Кавадарци), вредни 250 илјади евра и три стана и една гаража на Водно во износ од 332 илјади евра.

Трите стана и гаражата ги купи фирмата „Бест веј инвестмент“, која е во сопственост на синот на Мијалков, Јордан Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Груевски фотографиран со непозната жена во Будимпешта

(Фото) Мијалков со ферари “дојде“ на Вевчанскиот карневал

Конфискуваните парцели на Груевски вредат 5,8 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 5.408: Од Ковид-19 починаа 10 лица

Редакција

Најавената реформа во образованието однапред осудена на пропаст, велат од Институтот за социологија и Здружението на социолози

Редакција

Нови 591 случаи на Ковид-19 од 1.683 тестирања

Редакција