еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривичен не може да одреди мерки на претпазливост за Ковачевски, бидејќи го нема

Кривичен суд Скопје не може да одреди мерки на претпазливост за Васко Ковачевски, поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), кој е осомничен за злоупотреби во случајот „Адитив“, бидејќи е недостапен за органите на прогонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде е Васко Ковачевски? За него нема ни потерница, ни мерки

„Судијата на претходна постапка може да донесе одлука за одобрување на предлог на јавниот обвинител само кога се бара притвор за осомничениот. Во ситуации како оваа, кога се предлагаат мерки на претпазливост, задолжително е лицето да биде уапсено и донесено во Судот за да даде изјава“, посочуваат од Кривичниот суд.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека само за Ковачевски, Основното јавно обвинителство не побарало одредување на законска мерка согласно одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30 дена притвор за Васко Стефанов, Васко Ковачевски останува недостапен

„Навистина не ми е јасно, особено имајќи предвид дека, затоа што првично во јавноста се шпекулираше дека за таков вид на кривично дело не можело да се побара најстрога мерка согласно одредбите од ЗКП, што како факт е неточен. Јавното обвинителство согласно закон имало право, а ако ме прашате мене и морало за лице коешто е недостапно на органи на прогон да побара притвор”, изјави Тошковски.

За оваа изјава на министерот од Обвинителство појаснија дека Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) доставило Известување за постапување по сите 77 наредби за претрес издадени од Основниот кривичен суд Скопје во кое, во точката што се однесува на наведениот осомничен е наведено дека тој во моментот на претресот не бил пронајден на домашната адреса и не бил забележан подолг период од страна на соседите.

„Законот за кривична постапка е јасен и дециден во вакви случаи – МВР треба најпрво да го извести Судот, кој ќе побара од полицијата да ја утврди достапноста на лицето.

Доколку притоа се утврди дека лицето е недостапно, Судот известувањето на МВР ќе го достави на запознавање во случајов до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ќе побара Обвинителството да се произнесе во однос на предлогот за определување на мерките на обезбедување.

До денес, Основниот кривичен суд Скопје нема доставено ваков документ до Обвинителството и предметните обвинители не можат прескокнувајќи постапки и институции да носат предлози или одлуки надвор од нивните законски овластувања.

Во моментот кога ОЈОГОКК ќе добие известување дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, надлежните јавни обвинители ќе постапат согласно законските надлежности во поглед на мерките за обезбедување,“ велат од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„

Ковачевски не се откажал од македонско државјанство, Тошковски не сака да шпекулира каде е

Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Кинески полицајци како Робокап скенираат по улиците потенцијални заразени со коронавирусот

Редакција

Починаа 22 лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 1.071

Редакција

(Вознемирувачко видео) Сцените од болниците во Газа се трагедија

Редакција