еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за јавниот обвинител Хајрулахи за малтретирање и негова суспензија од функцијата

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, информираа од Обвинителството.

-Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип.

Во текот на истражните дејствија преземени од штипското Обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување.

По приемот на известувањето за поведена истрага, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за оддалечување од функцијата за јавниот обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава против него, велат од Обвинителството.

Медиумите објавија дека станува збор за обвинителот Мустафа Хајрулахи, кој е шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Личност на годината на еМагазин за 2021 година: Доктор Никола Пановски

Силвана Жежова

Застрашувачки случај: Едногодишно дете завршило на клиника по напад од друго дете во градинка

Редакција

Во мај раст од 8,2% на депозити и 6,8% на кредитите

Редакција