еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лукашенко останува претседател на Белорусија, на позицијата е од 1994 година

Актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко (70) останува на истата позиција.

Тој по седми пат е избран за претседател на земјата на вчерашните избори, објавија тамошните државни медиуми, според кои освоил околу 87% од гласовите.

Лукашенко, кој е близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин, немаше конкуренција на изборите, опозициските политичари се или во егзил или се затворени.

Другите четворица кандидати кои учестуваа се сметаат за статисти одобрени од државата.

Тој последователно е на власт од 1994 година.

Опозициските политичари кои се во егзил ги нарекоа изборите “фарса“, а за Европската Унија се „измама“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 210 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Убава вест: 12 оздравени од Ковид-19

Редакција

Доне Таневски купи 5.381 акции на Македонијатурист

Редакција