еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ

„Маалски Игри без граници“ во парк „Авионче“

Денеска од 12 до 20 часот, паркот „Авионче“ во Ново Лисиче – Општина Аеродром ќе биде претворен во голем забавен парк каде децата ќе можат да си играат, да се натпреваруваат, да другаруваат и да забавуваат на настанот „Маалски Игри без граници“.

„Играњето игри пред маалата и дружењето проследено со детски џагор е сѐ помалку присутно во скопските населби, a во минатото тоа беше препознатлив симбол на маалскиот живот кај скопјани. Модерното време ја донесе дигитализација, децата се оттргна маалата и играта, а тоа придонесе децата сѐ помалку да се социјализираат.

Нашата цел е реафирмирање на маалските игри без граници кои се подзаборавени под налетот на новите технологии и виртуелните електронски игри. Исто така, наша цел е да се промовираат и поттикнат здрави практики преку спортување и дружење, како неопходни квалитативни компоненти во животот на секој човек, особено на децата и младите.

Децата ќе имаат можност да се натпреваруваат во народна, грабни стапче, плочка, влечење со јаже, граница или сакате ли војна, плочка. Како дополнителни активности децата ќе имаат можност да се анимираат во еден од 6 воздушни замоци.

Покрај овие активности ќе ни гостува и настанот „Family day“ кој ќе овозможи одлична дружба, забавни активности, подароци и изненадувања. На сцената ќе настапат ди-џеј ѕвездата во подем диџеј Freeky, оригиналниот и забавен аниматор Ѓурчиновски и најголемата тинејџерска музичка атракција Young Dadi,“ велат организаторите.

Настанот е поддржан од Општина Аеродром, учеството во сите активности е бесплатно и не е потребно претходно пријавување, деталната програма и распоред на активности може да ја најдете на социјалните медиуми facebook.com или instagram.com.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На здрав пациент изваден желудник, словенечките хирурзи оперирале погрешно лице за кое мислеле дека има рак

Редакција

Тројца повредени во масовната тепачка во затворот во Идризово

Редакција

39,5% од заразените со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања

Редакција