еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Маглата вчера и денеска одложи неколку летови од аеродромот во Скопје

Маглата вчера и денеска одложи неколку летови од Меѓународниот аеродром во Скопје.

Денеска се одложени летовите од Истанбул, Фридрихсхафен, Дортмунд и Ајндховен, пренесува државната агенција МИА.

Вчера беше откажан летот од Истанбул, а летот од Цирих беше пренасочен.

На скопскиот аеродром вчера не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден.

Авионот на „Лот“ од Варшава исто така не успеал да слета на скопскиот аеродром и се вратил назад кон Полска.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинуваат горивата

Редакција

(Галерија) Мис Европа 2024: Две титули за Македонија

Редакција

И стана ли јасно на СДСМ зошто на референдумот во Ново Село излегле 16,97% од гласачите

Редакција