еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија да ги направи ветените уставни измени, велат од ЕК, од каде жалат за неупотребата на уставното име

Од Европската комисија (ЕК) ја повикаа Македонија да ги спроведе ветените уставни измени за да го продолжи свој пат кон членство во Европската Унија (ЕУ).

-Северна Македонија мора максимално да го искористи моментумот што постои за проширувањето за да продолжи одлучно на својот пат кон ЕУ.

Сите добро знаете дека Европскиот совет јасно кажа што очекува од Северна Македонија. И очигледно ова е поврзано и со уставните амандмани што Северна Македонија суштински се обврза да ги направи за да може да оди напред на својот пат кон Европската Унија, изјави денеска.портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување, Ана Писонеро.

Таа на новинарски прашање рече и дека ЕУ изразува жалење „за неупотребата на уставното име на државата од страна на некои од лидерите на Северна Македонија“.

-Ова нешто е јасно договорено како дел од Договорот од Преспа. И јасно е дека сите страни мора да ги почитуваат условите на договорите и да ги спроведуваат со добра волја.

Од наша страна, му честитавме на премиерот Мицкоски и на новите министри по формирањето на коалициската влада во Северна Македонија. ЕУ тесно ќе соработува со новата влада за да постигне напредок во значајните реформи и да го унапреди патот на Северна Македонија кон ЕУ, мислам дека пораката е јасна, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија нема да ја менува преговарачката рамка, му порачаа од бугарското МНР на Мицкоски

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Листа на производи кои поевтинуваат од утре

Редакција

Правда ќе бара во Стразбур: Пчеларот чии пчели искасале сограѓанин треба да плати околу 10.000 евра казна

Редакција

Обвинителството бара лицето приведено за инцидентот во Ѓорче Петров да биде пуштено, бидејќи ДНК трагите во возилото не се негови

Редакција