еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија прва земја од регионот која потпиша Договор за безбедносно и одбранбено партнерство со ЕУ

Македонија стана првата земја од регионот која потпиша Договор за безбедносно и одбранбено партнерство со Европската Унија (ЕУ).

Договорот во Брисел, Белгија, го потпишаа македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Договорот ќе придонесе за зајакнување на отпорноста и ќе овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици, како хибридните закани, зајакнување на кибер безбедноста, борбата против териризмот, интегрирано гранично управување, спроведување на мисии и операции и соработка во други области од сферата на безбедноста и одбраната“, информираа од Европската служба за надворешни работи.

ЕУ планира ваков договор да потпише и со Албанија, а претходно слични спогодби склучи и со Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Норвешка и Молдавија.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ковачевски и Вучиќ во Прага се потсетија на студентските денови

Редакција

Која е грчката компанија која ќе ја гради хидроцентралата Чебрен

Редакција

На Интерни клиники немало прием на ковид-пациенти, а во центрите во Скопје примени шестмина

Редакција