еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и раст и во третиот квартал од 2024 година

Македонски Телеком оствари солидни финансиски резултати во првите девет месеци од 2024 година, информираат од таму.

Приходите од продажбата остануваат во пораст за 1,4 проценти споредено со истиот период минатата година, како и оперативните приходи коишто пораснаа за 0,9 проценти.

-Нето добивката е благо намалена за 1 процент, како и оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBIDTA) за 2,4 проценти. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од првите девет месеци од 2024 година изнесуваат 1,114 милиони денари, велат од таму.

Телеком ја има најбрзата мобилна и фиксна мрежа и најдобрата мобилна мрежа

Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа, велат од таму.

-Резултатите за првата половина на годината покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа како и најдобар квалитет на мобилната мрежа. Постојаните вложувања во мрежната инфраструктура и најнови технологии го зајакнуваат статусот на најдобра мрежа.

Остануваме лидери во покриеност со оптика и денес имаме 339 илјади пристапи до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. Нашата 5G мрежа продолжува да се шири и е достапна за 93 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови, велат од компанијата.

Лидери во супериорно корисничко искуство

Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници, посочуваат од таму.

-Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,8 проценти и изнесува 216,6 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,7 проценти.

Во фиксната телефонија, остануваме на водечката позиција со удел на пазарот од 62,5 проценти и 233 илјади корисници.

Во мобилниот сегмент, уделот на пазарот е 47,9 проценти со стабилна база од 1,3  милиони корисници.

Во третиот квартал бележиме и една година од Magenta Moments, прва дигитална програма за наградување и поволности за корисниците којашто достигна 230 илјади корисници. Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме врвно корисничко искуство и многу повеќе од комуникациски услуги за приватните и за деловните корисници, велат од компанијата.

Лидери на ТВ пазарот со новата телевизија MagentaTV  

Во однос на ТВ пазарот и понатаму остануваме на лидерската позиција со удел од 35,3 проценти од вкупниот ТВ пазар, велат од компанијата.

-На крајот на првите девет месеци од годината бројот на ТВ корисници се зголеми за 4,1 проценти, со што базата на корисници достигна 155,4 илјади.  Новата дигитална телевизија – MagentaTV станува сè попопуларна поради напредните карактеристики и иновативното ТВ доживување коешто им го нуди на корисниците, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Психијатарот Марцикиќ сведочеше дека обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар се психички здрави

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите три дена

Редакција

Поради отсуство на пратениците од власта, немаше кворум за расправа за модуларната болница во Тетово и за автобуската несреќа на „Беса Транс“

Редакција