еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макошпед со добивка во првото полугодие

Макошпед АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 4.070 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 2.953 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за период јануари – јуни 2024 година изнесуваат 16.497 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период во 2023 година бележат намалување.

Оперативните приходи изнесуваат 12.543 илјади денари и бележат значително намалување во однос на оперативните приходи за истиот период во 2023 година.

Финансиските приходи изнесуваат 3.954 илјади денари и истите бележат намалување во однос на финансиските приходи во истиот период во 2023 година.

Вкупните расходи за период јануари – јуни 2024 година во износ од 12.427 илјади денари бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2023 година.

Оперативните расходи во периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат 12.426 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 2023 година.

Финансиските расходи изнесуваат 1 илјади денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период во 2023 година.

Остварените консолидирани вкупни приходи за период јануари – јуни 2024 година изнесуваат 20.189 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период во 2023 година бележат намалување.

Консолидираните оперативни приходи за период јануари – јуни 2024 година изнесуваат 16.235 илјади денари и бележат намалување во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период во 2023 година.

Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 3.954 илјади денари и бележат намалување во споредба со остварените финансиски приходи за истиот период 2023 година.

Консолидираните вкупни расходи за период јануари – јуни 2024 година се во износ од 17.236 илјади  денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи  за истиот период во 2023 година.

Консолидираните оперативни расходи во периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат 17.235 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период  2023 година.

Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 1 илјади денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период 2023 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкава плата имал лани директорот на Макошпед

Никола Лазаров поднесе оставка од Одборот на директори на Макошпед

Стефан Станкоски избран за генерален директор на Макошпед

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од „Генерали инвестментс“ за 44.000 евра

Редакција

Македонија со скок од 24 места според Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2021

Редакција

Последен ден вонредна состојба: Карантинот, полицискиот час и здравствените мерки не зависат од неа

Редакција