За средување на состојбата со колона возила околу Маврово, ОВР Гостивар дополнително ангажирале дваесетина полициски службеници од другите полициски одделенија за физичко регулирање и расчистување на сообраќајот, кое траело до 21.45 часот.
„МВР апелира до граѓаните, да ги почитуваат сите правила и прописи во сообраќајот, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници во врска со поставувањето на сообраќајниот режим, и да се движат согласно предвидените правила, да не тргнуваат во правец на овие локалитети со летни гуми и без соодветен зимска опрема, затоа што на тој начин го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот и бараме од возачите да придонесеме сите заедно за безбедноста во сообраќајот но и општо целата безбедност за да не се доведеме повторно во слична ситуација,“ велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Колона возила заглавени кај Маврово, со часови не мрдаат од место