еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Во Албанија има три пати повеќе бугарско население од тоа што го има во државата, дали и за нив ќе важи истиот услов да се дел од Преамбулата?

Aсимилаторската политика од страна на нашиот источен сосед не е само за Македонците. Ако ги видите бројките ќе видите дека таа зафаќа и голем дел од останатите граѓани во Албанија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, кој е неговиот коментар за пропагандата на Бугарија во Албанија во однос на попишувањето на Македонците за бугарско малцинство.

Мицкоски праша дали бидејќи во Албанија има три пати повеќе бугарско население од тоа што го има во Македонија, и за нив таму ќе важи истиот услов да се дел од Преамбулата.

„Сега се поставува прашањето, бидејќи во Албанија има скоро три пати повеќе кои се изјаснуваат како дел од бугарската заедница, дали и за Албанија ќе имаме услов да се тие во Преамбулата или нема, бидејќи тие имаат три пати повеќе граѓани на Албанија кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, од тие што велат дека се во Македонија.

Дали за нив ќе важи тој услов, или само за нас ќе важи тој услов. И баш би сакал да видам каква ќе биде реакцијата сега. Навистина тогаш не би ја сфатил логиката зошто за нас би важело, а таму каде што ги има од три пати повеќе да не важи тоа. Треба многу внимателно да се пристапи кон овие прашања“, потенцираше Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија има 2.281 „северномакедонци”, Бугари од 0 во 2011 сега има 7.597

Бугарија презадоволна од пописот во Албанија, и се заблагодари на земјата за сработеното

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Незначителен раст на индустриското производство во март

Редакција

Просечната каматна стапка на кредитите во јануари зголемена, кај депозитите намалена

Редакција

56% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција