еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Стотици илјади евра се потрошени за историската Комисија, а резултатот е капитуалција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се потрошени стотици илјади евра народни пари за историската комисија со Бугарија, а резултатот е капитулација.

За предлогот на поранешните членови, во Комисијата да се вклучат експерти од УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ, за да се избегнат политички влијанија тој рече дека нема ништо против, но ќе се вклучат и инспекциските органи и истражителите за да видат каде се трошеле парите.

„Нека се вклучи ОБСЕ, но ќе се вклучат и инспекциските и истражните органи да видиме каде се трошеа парите, колкави им се хонорарите на оние што направија ништо изминативе години, односно го засрамија народот во Македонија и ги продадоа македонските интереси“, рече Мицкоски.

За посетата на македонската делегација на Бугарија премиерот ја истакна намерата на Владата да се градат добрососедски односи.

„Нашето мото е дека туѓото не го сакаме, своето не го даваме, а градењето добрососедски односи е европска вредност. Имаме позиции за нашите интереси и ќе се бориме за нив како држава“, додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политичарите ја злоупотребија Комисијата за историски прашања со Бугарија, велат нејзините поранешни членови

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Се играше и оро: Протести пред хотелот во Мелбурн во кој во карантин е Ѓоковиќ

Редакција

Кардиоваскуларна и белодробна болест и дијабет се најчестите претходни заболувања на заразените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Дерковски не ги слушнал „бомбите“ од разговорите со Јанакиески

Редакција