еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мијалков слободно може да се шета во Монако, велат од Кривичен, целосно е ослободен

Снимката со поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, на која е со луксузно црвено ферари пред луксузен екстра скап ресторан во Монте Карло, Монако, предизвика лавина од реакции во јавноста и го отвори прашањето дали тој може да ја напушти земјата, имајќи го во предвид фактот дека условно излезе од затвор, во кој заврши за случајот „Империја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мијалков снимен со ферари во Монако

Од Основен кривичен суд Скопје за Слободен печат велат дека Мијалков е целосно ослободен и може да се шета во Монако.

Тој на 23. мај лани излезе од затворот во Струга со условен отпуст, одобрен со решение на Апелациониот суд Скопје, кој првично траел до 25. април 2025 година.

Мијалков се жалел на ова решение, па Апелациониот суд ја усвоил жалбата со што решението го преиначил и Условниот отпуст почнал да важи од 23. мај 2024 година, кога излезе и од затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков е слободен човек, излезе од затвор

Мерката за претпазливост, времено одземање на патната исправа му била укината по добиено позитивно мислење од надлежното јавно обвинителство на 26. април 2024 година, уште пред да излезе од затвор и била доставена на чување во Министерството за внатрешни работи, пишува Слободен печат.

За Мијалков се водеа шест судски постапки за предмети на поранешното Специјално јавно обвинителство, а единствено одлежа затворска казна само за случајот „Империја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Мијалков снимен во Монте Карло, е не ќе седи во загаденото“: Реакции на социјалните мрежи

(Фото) Браќата Сашо и Владимир Мијалков одликувани со орденот „Свети Николај“ од МПЦ ОА

Мијалков бил пример за другите затвореници, им помагал во работните ангажмани, вели директорот на струшкиот затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 491.169 граѓани, интересот за вакцинација останува голем

Редакција

Возачот на комбето со кој се возеше заразената, од домашна префрлен во изолација во струмичката болница се пожалил на сомнителни симптоми

Редакција

Македонија ќе бара отштета од Бугарија и поддршка од ЕУ за таксата за транспорт на руски гас доколку не бидат ослободени капацитетите на гасоводот

Редакција