еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху од Меѓународниот кривичен суд

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, и за лидерот на терористичката организација Хамас, Мохамед Диаб Ибрахим ел Масри.

Според МКС Нетанјаху и Галант „целно и намерно“ го користеле гладот ​​како оружје против палестинското население во Појасот Газа, оневозможиле обезбедување вода, струја и медицинска помош на луѓето, како и на локалните хуманитарни организации.

Тие се обвинуваат и за намерен напад на цивили во Појасот Газа

-Таквото дело веројатно не значи „истребување“ како злосторство против човештвото, но треба да се смета за „убиство“, велат од Кривичниот суд.

Од МКС информираа дека секоја земја-членка на Судот е должна да ги изврши налозите за апсење на овие лица и да ги пренесе во Хаг во Холандија, седиштето на МКС.

Реакциите од Израел, очекувано се со осуда за оваа одлука на Судот. Нетанјаху ги обвини судиите за „антисемитизам“, а неговиот Кабинет соопшти дека „Израел со гадење ги отфрла апсурдните и измамнички дејствија што ги покрена МКС против него“.

Одлуката ја осуди и САД. За американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамно.

Од Европската Унија, голем број земји потврдија дека би го уапсиле Нетанјаху доколку е на нивна територија, а само унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека нема да го почитува налогот и дека ќе го покани Нетанјаху во Унгарија.

Фото. Нетанјаху/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден месец откако се донесоа законските измени, нема прогрес во набавката на Трикафта, велат од Асоцијација за цистична фиброза

Редакција

Безживотно тело на жена извадено од Охридското Езеро

Редакција

Убава вест: Излечени 41 лице од Ковид-19 во Македонија

Редакција