еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На гала настан на ACI во САД: Скопскиот аеродром ја доби наградата за квалитет на аеродромските услуги за 2023 година

На свечена церемонија организирана од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), која вчеравечер (25. септември), се одржа во Атланта, САД, Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2023 година, информираат од таму.

Скопскиот аеродром е меѓу четирите аеродроми на ТАВ Аеродроми, заедно со Измир, Бодрум и Загреб, кои што добија награди за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2023 година.

Аеродромот во главниот град на Македонија е горд на наградата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2023 година како Најдобар аеродром според големината (2-5 милиони патници годишно) и регион (Европа).

„ТАВ Аеродроми, како аеродромски оператор, е неизмерно горд за една од највредните награди во авијацијата, која го признава и препознава нашиот ангажман за извонредност во искуството на патниците и квалитетот на услугите на аеродромите.

Особено сме среќни што Меѓународниот аеродром Скопје е меѓу аеродромите што постигнаа највисоки нивоа на задоволство на клиентите, утврдени од повратните информации од патниците. Со нашите сестрински компании, БТА (храна и пијалаци), АТУ (бесцаринско работење), ТАВ МОС (комерцијални услуги) и ТАВ Технолоџис (ИТ услуги), постојано се трудиме да се подобруваме и иновираме, осигурувајќи дека секое патување преку нашиот аеродром е позитивно.

Оваа 9. награда за квалитет на аеродромските услуги е доказ за нашата посветеност на гостопримството, дигитализацијата и одржливоста, бидејќи нашата цел е да создадеме аеродроми кои не само што ги исполнуваат, туку и ги надминуваат очекувањата на патниците,“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Ова е 9. пат како скопскиот аеродром ја добива оваа награда, откако претходно ја доби ASQ наградата за 2022, 2021, 2020, 2019, 2018, 2015, 2013 и 2012 година. Меѓународниот аеродром Скопје припаѓа на ASQ панелот од 10 аеродроми во категоријата аеродроми со големина од 2-5 милиони патници годишно во регионот Европа.

Во споредба со другите програми во авијациската индустрија, Програмата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ program) е водечка светска програма за мерење на искуството на клиентите на аеродромот и создавање одредници, и се заснова врз истражување во живо, преку анкети собрани на аеродромот – директно од патниците – кои го оценуваат нивното задоволство на денот на патувањето.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, го заврши периодот од јануари до август 2024 година со вкупно 2.128.981 патник на двата македонски аеродроми – Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Ова е 4% зголемување во однос на истиот период во 2023 година, а во однос на 2019 година (1.782.208), која се смета за референтна година во авијацијата, бројките на авиосообраќај покажуваат 20% повеќе патници. Во однос на бројот на летови, имаше 17.196 летови во текот на осумте месеци од 2024 година, или 12% повеќе летови во споредба со 2023 година, односно 17% повеќе во споредба со 2019 година (14.744).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 214 оздравени од Ковид-19

Редакција

Србија на трето место во светот по оружје во рацете на цивили

Редакција

Почина таксист од Скопје кој имал срцев удар додека возел патник

Редакција