еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На градилиште во Скопје почина 25-годишно момче

Од МВР информираа дека денеска во 09:15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.С. (25) од с.Сингелиќ, скопско, кој набргу починал.

-Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма, на објект во изградба на подрачјето на Центар.

Увид е извршен, а известени се трудова инспекција и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како беше дочекана новата 2025 година низ светот

Редакција

Судењето за несреќата кај Ласкарци формално почна од почеток

Редакција

Бензините поскапуваат до еден, дизелот поевтинува за половина денар

Редакција