еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На Клиника за гастроентерохепатологија ќе се прави скринингот на карцином на дебело црево

Скринингот на карцином на дебело црево се очекува да започне да се прави исклучиво само на ЈЗУ Клиника за гастроентерохепатологија, согласно стандардите и ЕУ директивите, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

„Ќе има комплетно нова амбуланта финансирана од МЗ, нов комлетен колоноскопски кабинет, комплетна опрема, додека во однос на кадар клиниката веќе располага со квалитетен и обучен кадар.

Што се однесува за скрининг на рак на дојка во тек на 2022 и 2023 година се набавени голем број на апарати, најсофистицирана опрема односно дигитална мамографија во Општа болница Куманово, Струмица, Дебар и ОБ Тетово, ОБ 8 Септември и Институтот за Радиологија.

Во план за јавни набавки се ставени и одредени коили. Тоа се додатоци на магнет, меѓу кои има и коил за дојка за да може во специјалистичките кабинети да се изведуваат и пософистицирани методи за дијгностика.

Во моментот магнет за дојка работи само во ОБ 8 Септември. Магнетот на дојка се прави на пациентки што се во помлада возраст, доколку имаат некои промени под 40 години, каде што мамографијата не е клинички индицирана,“ информираат од таму.

Формирана е и национална комисија „Тумор Борд” за пациенти со дијагностициран рак на дојка, која ќе работи на патеката кај овие пациентки. Комисијата ја сочинуваат специјалисти од повеќе клиники кои се вклучени во процесот.

Според анализата на податоци пријавени на скринингот биле 10.000 пациентки, додека реализирани биле 4.900 скрининг-мамографии.

„Апелираме жените што ги добиваат пораките преку пријавениот телефонски број, да ги почитуваат дадените термини и локација и доколку не се во можност да одат да ги откажат своите термини, бидејќи го зафаќаат терминот на жени кои што сакаат да бидат вклучени во програмата,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

12-годишно дете од селото Лера донесено мртво во болница

Редакција

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Редакција

Каков имот пријавил поранешниот градоначалник Боро Стојчев, приведен во полициска акција

Редакција