На 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации почина новинарот Саше Димовски, познат на јавноста по следењето на случувањата во правосудството.
Димовски има работено во Канал 5, Сител и Алфа телевизија. Беше основач на порталот Сведок.мк и соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.
Тој беше и автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се новиот претседател и членови на Комисијата за помилување
Димовски беше претседател и на Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија, а неодамна беше именуван за член на Комисијата за помилување..
Погребот ќе се изврши во среда, 07.08.2024 година, на новите Градски гробишта во Велес.
Почивај во мир колега!
Фото: Фејсбук/Димовски