еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема спојување на Комерцијална и Стопанска банка Битола, понудата неуспешна

Пропадна обидот за спојување на Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола.

Од Комерцијална преку Македонската берза информираа дека нејзината понуда за преземање била прифатена од 149 сопственици на обични акции со право на глас, кои поседуваат вкупно 176.154 обични акции, односно 45,0548% од сите акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во понудата на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола

Комерцијална сакаше да ги откупи сите акции со право на глас, а за да биде успешна понудата потребно беше да може да купи 261.956 обични акции со право на глас, што претставува 67 % плус 1 акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола.

-Со оглед на тоа што прагот на успешност не е постигнат, понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје се смета за неуспешна.

Причина за неуспешност е тоа што не се изјаснија позитивно по однос на понудата на Банката доволен број акционери кои поседуваат обични акции со право на глас, односно во законски утврдениот рок до 22.09.2024 година не дадоа Изјава за прифаќање на понуда за откуп по цена од 3.200 денари по акција, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се акционери во Стопанска банка Битола, понудата на Комерцијална за преземање ги откри

И од УО на Стопанска банка Битола се огласија за реакцијата на Пелистерка за понудата за преземање од страна на Комерцијална

За Пелистерка понудата на Комерцијална за откуп на акциите на Стопанска банка Битола е несоодветна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со “Спектартермо“, вреден 1,4 милион евра

Редакција

Габриел Бајрам призна вина за насилство и доби казна затвор од три месеци

Редакција

„Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и 6 илјади евра за управителот за загадување на Маркова река

Редакција