еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не е вистина дека албанскиот јазик во Македонија е под закана, кажа Курти

Очекувано, косовскиот премиер Албин Курти на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Христијан Мицкоски, во Приштина, Косово, доби и прашање за употребата на албанскиот јазик во Македонија, чија употреба според опозициската ДУИ бил загрозена.

„Во Косово, иако Албанци се 93 отсто, а четири отсто е српско население, српскиот јазик е службен јазик. Но, во Северна Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик е службен официјален јазик и сега е под закана. Ова не е вистина“, кажа Курти.

Тој се осврна и на оценувањето на Законот за употреба на јазиците, кое треба да го направи Уставниот суд следниот месец.

„Ова прашање е на Уставниот суд во Северна Македонија. Три одредби од Законот за употреба на јазиците се доставени до Венецијанската комисија. Тие три одредби парадоксално никогаш не се применети во минатото. Сега Уставниот суд тоа треба да го оцени“, рече тој, потенцирајќи дека треба да се почека одлуката на Уставниот суд во Македонија, кој, според него, нема да направи ниту исклучување, ниту дискриминација и го почитува повеќејазичниот карактер во земјата.

Мицкоски, одговарајќи на истото прашање, посочи дека судиите што во моментот се дел од Уставниот суд биле избрани во време кога на власт беа ДУИ и СДСМ.

„Навистина не знам од каде впечатокот дека ние имаме влијание и сме можеби семоќни и ги контролираме сите политички партии во Македонија, што не е така. Сите треба да знаат дека од првиот со последниот судија во Уставниот суд се избрани во македонското Собрание кога мнозинство беше владината коалиција СДСМ-ДУИ“, кажа тој, потенцирајќи дека ставањето на тоа прашање во фокус го прават сите оние политичари што се темни сенки од минатото, што не можат да се слушнат да говорат за предлози и реформи во економијата, даночниот систем, образованието, туку единствената карта на која ја темелат децениската кариера е криминал и корупција и етнички конфликти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако албанскиот јазик е засегнат, плоштадите во Скопје ќе бидат полни, се закани Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред неколку дена изјави дека очекува од сите политички партии на Албанците во земјава, но и од партиите во Косово да го заштитат албанскиот јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како беа дочекани Мицкоски и македонските министри во Приштина

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски за спорот со Бугарија: Во овој момент сум реалист и умерен оптимист

Редакција

Акција “Синџир”: Приведени неколку лица осомничени за економски криминал

Редакција

(Фото) Џафери и Арсовска се испокараа, зарасната трева во дворот на Владата остана

Редакција