еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Не е задолжително МВР да деташира полициски службеници во сите станици за технички прегледи, велат од МВР

Не е задолжително Министерството за внатрешни работи (МВР) да деташира полициски службеници во сите станици за технички прегледи, одговорија од МВР на прашањето на еМагазин.мк, зошто шалтерите на МВР низ најголем дел од техничките станици во Скопје се затворени и нема замена за службениците кои користат годишни одмори.

„Поради користење на денови од годишен одмор на дел од деташираните референти, имаше случаи странките да извршуваат технички преглед во една станица за технички преглед, а да го заверат продолжувањето на важност на регистрација на возило во друга станица за технички преглед, како и заради зголемениот обем на работа,“ се вели во одговорот на МВР.

Од таму додаваат дека, на територија на Град Скопје моментално функционираат триесет станици за технички преглед, а 24 референти од МВР се распоредени како деташирани во станиците за технички преглед, а некои работат во смени.

„Истите имаат седум часовно работно време во една седмица и секоја втора сабота им е работна. Работното време на деташираниот работник од МВР се усогласува со работата на станицата за технички преглед,“ се додава во одговорот.

еМагазин неодамна информираше дека во речиси сите технички станици за преглед на возила низ Скопје, шалтерите на МВР не работат, бидејќи службениците биле на одмор.

Поради оваа состојба, во станиците каде што имаше полицајци се создаваше голема гужва, поради која, граѓаните чекаа со часови за да завршат работа на шалтерот на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шалтерите на МВР низ техничките станици во Скопје не работат, службениците биле на одмор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Македонија со 10.000 евра заради прекршување на ковид-протоколи на Еуро2020

Редакција

Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ за претседател на Македонија

Редакција

Ќе вработи ли премиерот Зоран Заев советник за бегства на осудени екс-премиери?

Редакција