Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и поранешниот организациски директор, Нехат Нухи, осомничени за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама во службата“ во случајот Онкологија, останаа без пасоши и не смеат да го напуштат Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс директорите Нино Васев и Нехат Нухи и тројца доктори осомничени за случајот “Онкологија“
Како што информираа од Кривичен суд додека трае истрагата која ја отвори Обвинителството, Васев има забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за јавување на службено лице во судот, одземена му е патната исправа, има забрана за издавање нова и има забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил екс директорот Нино Васев, приведен за случајот на Онкологија
На Нехи, судија по претходна постапка од Кривичен му ги одредил истите мерки за претпазливост, освен забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.
– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог за определување мерки за претпазливост на Основното јавно обвинителство – Скопје против две лица, кои утрово беа спроведени во судот, по ценење на фактите изнесени од странките во однос на предлогот донесе решенија со кои: Се прифаќа предлогот и на Н.В. му се опредлуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2,3 и 7 од ЗКП, односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.
На Н.Н. му се определуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2 и 3 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова, велат од Кривичен.