еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нова средба на Сиљановска Давкова и Радев, во Баку

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова на маргините на Самитот за климатски промени COP 29 во Баку, Азербејџан, вчера се сретна со бугарскиот колега Румен Радев.

Очекувано тема на средбата биле нарушените односи помеѓу двете земји, а истата траела еден час.

Од Кабинетот на Сиљановска Давкова информираа дека истата поминала во конструктивна атмосфера, а се разговарало за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.

Како што велат од таму, двајцата соговорници ги изложиле своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции.

Сиљановска Давкова ја подвлекла важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочила дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија.

Таа нагласила дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа.

Радев пак укажал на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.

Двајцата се согласиле за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев од Баку уште еднаш потсети на исполнување на Преговарачката рамка и Договорот за добрососедство со Бугарија

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: „Ќе се обидам да формирам нова Влада, но доколку не успеам, единствена опција се брзи избори“

Редакција

Пронајдено телото на Пригожин

Редакција

Кои министерства ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а кои „Вреди„ и ЗНАМ

Редакција