еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нова IQOS зона во Bliss Mall Битола

Во срцето на трговскиот центар Bliss Mall во Битола е отворена нова IQOS зона, специјализирана област за сите полнолетни пушачи кои сакаат да го истражат светот на производите без чад.

Оваа нова зона, втора надвор од главниот град ќе работи од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот и во недела од 10 до 20 часот и истата е дизајнирана со цел да им овозможи уникатно и пријатно искуство на возрасните пушачи заинтересирани за подобра алтернатива, како и за веќе постоечките корисници.

Покрај продажната област, IQOS зоните се места каде што се спојуваат технологијата и стилот, каде што секој детаљ е дизајниран да им овозможи на корисниците подобро искуство, без разлика дали ги истражуваат најновите уреди, имаат потреба од корисничка поддршка или бараат додаток.

IQOS е електронски уред кој го загрева, но не го согорува тутунот, а со тоа го намалува нивото на штетните материи кои се ослободуваат од чадот од цигарите. Со оглед на зголемената потреба за поодговорен избор на животниот стил, IQOS зоната е модерен простор каде возрасните корисници можат да дознаат за придобивките од технологијата без чад.

На новата зона посетителите ќе можат да добијат врвна корисничка поддршка, сите потребни информации за IQOS производите, корисни инструкции, практични совети, да се запознаваат со најновите производи од палетата на IQOS и секако, можност за купување на иновативните IQOS ILUMA уреди.

Од 2008 година, компанијата Филип Морис Интернешнал (ФМИ) инвестираше 12,5 милијарди долари во развој и научна валидација на производите без чад наменети за сите полнолетни пушачи.

Компанијата проценува дека од лансирањето на IQOS во 2014 година, околу 30,8 милиони пушачи почнале да користат IQOS, од кои околу 22,1 милиони се откажале од пушењето засекогаш.

-Веќе четири години години, компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ги поддржува полнолетните пушачи во земјава, кои сакаат да се префрлат на помалку штетни алтернативи.

Со отворањето на IQOS зоната во Bliss Mall, IQOS ја продолжува својата мисија да ги намали штетните ефекти од пушењето, нудејќи пријатно место за секој кој сака да истражи подобра алтернатива, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: До 13 часот излезноста на референдумот 16%

Редакција

Среќна сум што ќе инспирирам други жени, рече Силјановска Давкова во инаугуративниот говор

Редакција

РКЕ: Во следните две недели да не се исклучуваат потрошувачите на струја, вода и парно поради неплатени сметки

Редакција