еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ново обвинение за Нефи Усеини, за дивоградба во центарот на Охрид

За бизнисменот Нефи Усеини, поранешен кадар на опозициската ДУИ во Општина Охрид е поднесено обвинение за дивоградба во центарот на Охрид.

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против него и уште едно лице за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27. јули оваа година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган.

На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност, велат од Обвинителството.

Против првиот обвинет во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нефи Усеини од ДУИ веќе не е советник во Советот на Охрид, поднел оставка од лични причини

Нефи Усеини од ДУИ доби ослободителна пресуда за претепувањето на советник за време на седница на Советот

Фото: Фејсбук/Усеини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Џемаил Чупи кој Алтернатива го предложи за министер без ресор задолжен за дијаспората

Редакција

Вкупно 842 здравствени работници во Македонија се заразиле со Ковид-19, оздравеле 732

Редакција

Детален извештај: Кои компании загадуваат во Скопје, Битола, Струмица, Гостивар и Тетово?

Редакција