еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нов начин на плаќање на билет за ЈСП, преку бројот 185

Јавното сообраќајно претпријате (ЈСП) Скопје информира дека стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака.

Цената на билетот не се менува останува 40 денари со вклучен ДДВ.

Начинот за новото плаќање е следен:

Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша “бип“ сигнал и говорна порака „Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“.

При вртење на бројот 185 не е потребно телефонот да се приближува до валидаторот.

Наплата се врши во истиот момент кога корисникот го завртил бројот 185 и го слушнал „бип“ сигналот без разлика дали е докрај исслушана говорната порака.

На мобилниот телефон стигнува потврдна СМС порака во која ќе пишува „Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“ .

Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие следниве пораки:

„Трансакцијата е неуспешна, немате доволно средства на вашата сметка“.

„Трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана, јавете се кај вашиот оператор”.

„Веќе купивте возен билет, обидете се подоцна”.

„Трансакцијата е неуспешна поради технички причини”.

„Трансакцијата е неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуштена во функција новата мобилна апликација на ЈСП, „Skopjebus”

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој донирал за претседателската кампања на Арбен Таравари

Редакција

(Видео) Во масовна тепачка во ромскиот дел на Злокуќани повредени неколку лица: Детали од МВР

Редакција

Тони Стојановски поднесе оставка од позицијата член на УО и генерален директор за корпоративно банкарство на Стопанска банка Скопје

Редакција