еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Норвешка ѝ донираше на македонската армија 76 моторни возила

Донацијата од 76 моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден во Скопје.

„Оваа норвешка донација од 76 неборбени моторни возила, значително ќе придонесе за зголемување на транспортните можности на едниците на Армијата односно на нивната борбената готовност.

И јас како министерка, но и припадниците на Армијата и граѓаните на оваа држава, благодарни сме за вашата донација која доаѓа во прав момент и ќе овозможи значително зголемување на капацитетите на единиците на нашата Армија за извршување на нивните задачи, што директно ќе влијае и за постигнување на декларираното ниво на борбената подготвеност на претстојното оценување,“ изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Амбасадорката на Кралството Норвешка за Македонија, Кристин Мелсом истакна дека меѓусебните дипломатски односи кои континуирано се подобруваат во последните 30 години, во последните години уште повеќе се зајакнаа и во воената соработка

„Вашата цел да распоредите 10% од вашата армиска структура е импресивна. Ова го гледаме на дело со вашите придонеси во мисиите на ЕУ, мисиите на НАТО, КФОР во Република Косово, учеството во Активности за зајакната будност во Романија и Бугарија, зајакнато истурено присуство во Латвија и мисијата на ОН во Либан. Сето ова потврдува дека работите подеднакво како и сите други во Алијансата и Норвешка со гордост ве нарекува и сојузник и пријател,“ изјави Мелсом.

Бригадниот генерал Андрес Јернберг, командант на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка изјави дека овој ден е од историско значење, бидејќи ја одбележува најголемата донација на воена опрема што Кралството Норвешка ја има направено за некоја земја од Западен Балкан.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) И мајката и таткото на Заев го запознаа Ципрас

Редакција

Поради адмистративен пропуст на матурантка од Охрид и го ускратија правото да полага државна матура

Редакција

Убава вест: Оздравени 242 болни од Ковид-19

Редакција