еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвиниение за поранешната директорка на Токсикологија, Иљази

Од Основното јавно обвинителство информираа дека е поднесено обвинение против поранешната организациска директорка на Универзитетска клиника за токсикологија, Бесија Иљази.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица.

Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман.

На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи. На овој начин буџетот на Клиниката бил оштетен за сума од 659.781 денари, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист,“ велат од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешната директорка на Токсикологија, Иљази, со незаконските вработувања го оштетила буџетот на Клиниката за 10.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчевска за францускиот предлог: Ова не е негирање на идентитетот на Македонците, туку едностран акт на асимилација и окупација на Македонија

Редакција

204 се реинфекции: Нови 1.732 случаи на Ковид-19

Редакција

АВАЈА продолжува со кампањата „Мојот Глас – Твоја Должност“

Редакција