еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Објавена агендата на Конференцијата за е-трговија

На само неколку недели до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 12. ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со инспиративни говори, панел дискусии и студии на случај преку кои ќе се „отплеткуваат“ можностите што ги нуди е-трговијата.

Учесниците ќе имаат уникатна можност да го слушнат искуството на интернационалните и домашните индустриски експерти кои го искористуваат потенцијалот во различни аспекти во областа на е-трговијата.

На конференцијата ќе се истражува како компаниите можат да ги адаптираат своите стратегии за да откријат нов бизнис потенцијал, преку подобрување на логистиката, оптимизирање на плаќањата, надградба на маркетинг стратегиите и проширување на пазарите.

Конференцијата со свое воведнo обраќањe ќе ја отвори претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков, која ќе ги презентира клучните сознанија од Извештајот за е-трговија во Западен Балкан за 2024 година. Овој извештај ќе ги потенцира достигнувањата во регионот, нагласувајќи ги и успесите, но и областите кои сѐ уште треба да се развиваат, особено во меѓуграничната трговија.

Конференцијата потоа продолжува со првата сесија наречена „Потреба за брзина“, која е фокусирана на логистиката во е-трговијата, односно ќе го истражува значењето на брзата и сигурна испорака, со учество на експерти од индустријата како Бојан Доленц, кој работи Бизнис развој во компанијата ZEOS Fullfilment на германскиот гигант за е-трговија – Zalando, Младен Јездиќ, раководител на синџирот на снабдување во Ананас Србија и други.

Говорниците ќе разговараат за трендовите во доставата во е-трговија, но и за критичната улога во брзината и квалитетот на испораките за подобрување на корисничкото искуство.

Друг значаен дел од настанот ќе биде сесијата посветена на новите решенија за плаќање во е-трговијата. Со презентација од Бобан Љубиноски, продукт менаџер во Klarna, ќе се дискутира за тоа како бизнисите можат да се прилагодат на новите потреби на потрошувачите за побрзи и побезбедни процеси на наплата.

Експерти од Visa, CaSys и НЛБ Групацијата ќе зборуваат за иднината на дигиталните плаќања и иновациите кои го надминуваат традиционалното готовинско плаќање.

Во попладневниот дел, конференцијата ќе продолжи со сесијата посветена на меѓуграничната е-трговија, каде што ќе се презентира посебна студија на случај предводена од Игор Мишкиќ, раководител за Западен Балкан во GymBeam и панел дискусија за можностите за продажба преку границите во регионот.

Како што е-трговците во Западен Балкан се стремат да се пробиваат на глобалната сцена, надминувањето на бариерите како што се процесирањето на плаќањата и логистиката ќе биде клучно.

Агендата ќе се насочи и кон маркетинг стратегиите, вештачката интелегенција и податоците, со воведно излагање на Селесте Фејзо, AI Тренер за податоци во OpenAI, компанијата креатор на ChatGPT, која ќе зборува за моќта на вештачката интелигенција во креирањето на попаметни и поефективни маркетинг кампањи во е-трговијата.

Дополнително, регионални експерти за маркетинг ќе ги анализираат најновите трендови, нагласувајќи ја потребата бизнисите да користат канали и надвор од рамките на социјалните медиуми со цел градење на уште подобри релации со клиентите и зголемување на продажби.

За потсетување, оваа година конференцијата по трет пат ги отвора вратите за регионалната публика. Очекувано е присуство на повеќе од 700 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании, менаџери и владини и невладини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Романија, Бугарија и Хрватска, што ја прави конференцијата уникатна и единствена во регионот во своето седмо издание, кое овозможува неверојатно вмрежување и можност за потенцијални соработки и партнерства низ регионот.

Конференцијата се очекува во секое време да ги исполни целосно капацитетите и да биде целосно распродадена што говори за огромниот интерес кој се појавува за неа. Минатата година конференцијата се одржа во своето најголемо регионално издание, со целосно нов концепт и нова локација, и истата беше домаќин на повеќе од 600 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји.

Повеќе информации поврзани со агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата, вклучувајќи ги и картите кои се пуштени во продажба, се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: ecommerceconference.mk.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Барањата од Декларацијата на бугарскиот Парламент ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, тврди Мицкоски

Редакција

СЗО: За 20% е намалена смртноста од Ковид-19

Редакција

Хотелот Молика на Пелистер ќе добие спа центар

Редакција