еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Од денеска се враќа евтината струја

Од денеска се враќа евтината струја за домаќинствата, почнувајќи од периодот од 13 до 15 часот.

Евтина дневна тарифа ќе добијат сите потрошувачи кои имаат броила што се читаат од далечина, а до крајот на месецов околу 90 проценти од домаќинствата.

Проблем ќе имаат домаќинствата кај кои се недостапни броилата.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) во декември 2021 година ја укина евтината дневна тарифа за домаќинствата заради цената на електричната енергија на берзите која се движеше од 300 до 400 евра за мегават час, а во текот на денот достигнуваше и до 500 и 600 евра, па и повеќе.

Евтината дневна тарифа се враќа заради фактот што цената на електричната енергија на пазарот во текот на денот, особено во периодот од март до ноември, е за два до три пати пониска отколку во текот на ноќта.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредени двајца македонски ученици во реонот зафатен со земјотрес во Турција, едниот со потешки повреди

Редакција

Можност за сигурна заработка: На берзата почнува тргување со државни обврзници вредни 881 милиони евра

Редакција

(Видео) Украински авион се урна по полетувањето од Техеран, загинаа 176 лица

Редакција