еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од запленетиот имот на Мијалков државата вратила 600 илјади евра, треба да се вратат повеќе од 20 милиони евра

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков е во фокусот на јавноста откако беше објавена снимка како во Монте Карло, Монако, излегува од луксузно црвено ферари пред луксузен и екстра скап ресторан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мијалков снимен со ферари во Монако

Очекувано снимката предизвика бура од реакции, а се отвори и прашањето дали може да ја напушти Македонија, бидејќи условно беше пуштен од затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков слободно може да се шета во Монако, велат од Кривичен, целосно е ослободен

Тој одлежа казна затвор само за предметот „Империја“. За истиот случај откако се спогоди со Основното јавно обвинителство, во јули 2022 година, му беше запленет имот, во вредност од 21.450.000 евра.

Од истиот како што објави Слободен печат државата во буџетот досега вратила само 600 илјади евра.

Досега се продадени два апартмана во Охрид и градежно земјиште во селото Радња (меѓу Демир Капија и Кавадарци), вредни 250 илјади евра и три стана и една гаража на Водно во износ од 332 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ни Чак Норис не може да си купи стан сам од себе“: Твитер реакции за Мијалков чии конфискувани станови ги купи неговиот син

Трите стана и гаражата ги купи фирмата „Бест веј инвестмент“, која е во сопственост на синот на Мијалков, Јордан Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Мијалков снимен во Монте Карло, е не ќе седи во загаденото“: Реакции на социјалните мрежи

(Фото) Браќата Сашо и Владимир Мијалков одликувани со орденот „Свети Николај“ од МПЦ ОА

Мијалков бил пример за другите затвореници, им помагал во работните ангажмани, вели директорот на струшкиот затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија треба да врати 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку програмата Еразмус+

Редакција

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Редакција

Бајруш Сејдиу останува на слобода, добил условен отпуст од 11 месеци

Редакција