еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Орбан се сретна со Путин, словачкиот премиер сакал да им се придружи, ЕУ бесна

Во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва, Русија, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Орбан патувањето во Москва го престави како мисија за мир, а истото предизвика бура од реакции од раководствата на Европската Унија (ЕУ) и НАТО.

Орбан замина во Москва само неколку дена откако Унгарија од 1. јули го презеде претседувањето со ЕУ, а претходно во Киев, Украина имаше средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во заедничката изјава за медиумите со Путин, Орбан истакна дека мирот во Европа нема да дојде сам по себе, туку ќе мора да се изработи од сите страни.

“Позициите на Москва и Киев се многу оддалечени. Направен е важен чекор со патувањето, воспоставен е контакт“, рече Орбан и додаде дека тој сака да продолжи по овој пат.

Средбата во Москва беше прва средба на лидер од ЕУ со Путин во Москва од април 2022 година, два месеци откако Москва започна целосна инвазија на Украина.

ЕУ бесна, во НАТО биле информирани за патувањето

Единствена јавна подршка Орбан доби од словачкиот премиер Роберт Фицо, кој во своето прво појавување по обидот за неговото убиство ја пофали мировната посета на Орбан на Киев и Москва.

„Доколку здравјето ми дозволуваше, многу ќе сакав да му се придружам“, изјави Фицо.

Од ЕУ и НАТО посочија дека Орбан не е во мировна мисија во нивно име, а тој им врати дека „токму бирократските глупости на Брисел не донеле никаков резултат за воспоставување мир во руско-украинската војна“.

„Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.

И Белата куќа и се приклучи на ЕУ со критиките за посетата на Орбан на Русија.

“Бидејќи Москва е отфрлена и под санкции поради нејзината војна во Украина, посетата нема да ја унапреди каузата за мир и е контрапродуктивна за промовирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Украина“, изјави портпаролката Карин Жан-Пјер.

Орбан го информирал НАТО за неговата посета на Москва, но тој не ја претставувал Алијансата во Кремљ, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Се разбира, Виктор Орбан не го претставува НАТО на овие состаноци, тој ја претставува својата земја“, изјави Столтенберг.

Фото/видео: Орбан/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дури 60 отсто од 98 институции го прекршиле законот за слободен пристап до информации

Редакција

Советот за безбедност: Безбедносната состојба во земјата е стабилна, направени се сите подготовки за можните сценарија во Украина

Редакција

Нови 14 случаи на Ковид-19 од 1.489 тестирања

Редакција