еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис не трошок, вели Губерова, претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора

„Да се поседува полиса за осигурување треба да биде еден од приоритетите на секоја одговорна компанија која сака да остварува долгорочен развој и која е одговорна во работењето како кон своите партнери, така и кон своите вработени и локалната заедница,“ смета Ралица Губерова, претседател на Групацијата на осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија.

Според нејзе осигурувањето не е трошок, туку инвестиција во сигурност и стабилност во работењето, потреба која овозможува непречен раст и развој на компаниите во услови кога ќе настанат непланирани штети и несакани случувања кои можат значајно да го погодат бизнисот.

„Осигурувањето е исклучително важен фактор и за развој на економијата и за позитивните општествените текови во земјата. Ги заштитува граѓаните, односно нивното здравје, живот и имот, државниот имот и бизнис секторот од немили настани, и претставува реална потреба која дава сигурност во работите кои се наши, за кои се грижиме и кои ни се важни во животот, секогаш кога тоа ни е најпотребно.

Осигурувањето посебно дојде до израз во последните неколку години кога научивме дека сигурноста, како финансиската, така и физичката, не е гарантирана за никого. Дека треба да се однесуваме одговорно кон бизнисите кои ги управуваме и кон нашите вработени, а тоа на долг рок можеме да го постигнеме со осигурувањето,“ додава Губерова.

Таа смета дека на бизнисите им е потребно осигурување за да се заштитат од различни ризици во работењето и спроведување на дејноста во која работат, а тука особено заштита на имотот, финансиски загуби, како и заштита на здравјето на своите вработени.

„Осигурувањето исто така ја штити и одговорноста од вршење на дејноста на компанијата, овозможувајќи и на компанијата фокус во градењето на бизнисот и унапредување во работењето.

Осигурувањето е од суштинско значење без разлика дали се работи за мал или голем бизнис, без разлика на секторот и дејноста на компанијата, при што постои палета на осигурителни продукти кои ги покриваат различните ризици со кои се соочуваат бизнисите и индустриите.

Осигурителните компании во земјава вршат детални консултации и даваат совети прилагодени на потребите на вашиот бизнис. Следствено на наведеното, осигурувањето претставува добра бизнис одлука, а не само уште еден трошок,“ објаснува Губерова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот ги „замрси“ сметките: Нова вонредна состојба или избори?

Редакција

Нови 335 случаи на Ковид-19 од 3.543 тестирања

Редакција

(Фото) Четири планинарски клубови чистеа околу село Вејце на Шар Планина

Редакција