еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осуда за сквернавењето на македонското знаме од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ДУИ смета оти за тоа била виновна полицијата

Бројни осуди од страна на граѓаните за синоќешното нецивилизирано славање на денот на албанското знаме во Скопје, а реакции денеска пристигнуваат и повеќето партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Уништено македонското знаме на прослава на албанското знаме во Скопје

За опозициската СДСМ полицијата синоќа потфрлила во превенција на „скандалозните настани„.

-Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Панче Тошковски, очигледно целосно потфрли во превенцијата и контролата на ситуацијата. Граѓаните имаат право да прашаат – зошто полицијата не беше присутна и зошто немаше брза и одлучна интервенција за спречување на овие инциденти?

Министерството мора да објасни зошто не ја презеде својата одговорност и дали воопшто имало план за управување со ваквите ситуации. Очигледно МВР воопшто ниту била подготвена да реагира, ниту имала увид во она што се случувало во текот на речиси целиот ден вчера, стои меѓудругото во реакцијата на партијата, од каде потенцираат дека законот мора да важи подеднакво за сите граѓани.

-Почитувањето на симболите и идентитетот на секоја заедница е клуч за заедничкиот напредок. Секое однесување кое предизвикува поделби и тензии е спротивно на вредностите на едно општество за сите и мора да биде санкционирано, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не само сквернавење на македонското знаме, во Скопје и се пукаше за прославата на денот на албанското знаме

И владејачката ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на прославата.

-Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде исто така подвлекуваат дека законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваат надлежните институции да ги санкционираат оние кои го кршат законот.

-Ги повикуваме граѓаните, како и во минатото кога имало вакви обиди, да останат достоинствени и мудри бидејќи ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија, мелет меѓудругото од ВМРО-ДПМНЕ.

Осуда стигна и од опозициската ДУИ. Ама од таму видоа и полициска интервенција која им овозможила на етничките Албанци да го славеле овој ден.

-Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и ширум светот.

Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција, велат од ДУИ.

Од таму костатирале дека било запалено македонско знаме како реакција на „несоодветната интервенција на полицијата„.

-Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците, ниту пак стремежите за стабилна соживотност и взаемна почит.

Во овој контекст, е неприфатливо и срамно што ВМРО-ДПМНЕ и одредени други политички сили се обидуваат да ги злоупотребат овие инциденти за да изградат лажна нарација која го криминализира секој став на Албанците.

Оваа тенденција да се претстават Албанците како носители на криминални агенди претставува напад врз идентитетот и достоинството на Албанците и обид за прикривање на коруптивната агенда на овие структури, велат меѓудругото од ДУИ.

Реакција стигна и од претседателот на владејачката ЗНАМ, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

-Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од албанската заедница го честитав денот на албанското знаме а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници.

За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и македонско знаме е за секаква осуда, стои меѓудругото во неговата реакција и бара санкционирање на поединци кои учествувале во овие настани.

-Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата и треба да одговараш, вели Димитриевски.

Реакции и осуда има и од ЛДП, Левица, Македонски концепт, Социјалистичката партија, Демократскиот сојуз, Алијанса за Албанците, коалицијата “Вреди“…, но и од Сојузот на борците на Македонија (СБМ).

-Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и скрнавење на македонското знаме е крајно вандалски чин и ние како Главен одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 сме згрозени од овој чин и целосно го осудуваме.

Ваквиот однос кон државните симболи само доведува до нестабилност на соживотот во земјата. Веднаш бараме до Министерството за внатрешни работи и до Основното јавно обвинителство да се постапи по законските нормативи. Никој нема право и законите важат за секој кога се постапува кон уништување на државните симболи.

Згрозени сме од чинот кој ја вознемири целата јавност и сите нас во Сојузот на борци.

Ваквиот начин на однесување не води кон добробит за сите граѓани во државата, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео на кое се слуша пукањето низ Скопје за денот на албанското знаме, на кој беше сквернавено македонското знаме

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Иванов: Владеачкото мнозинство да понесе одговорност за неуспешноста на референдумот

Редакција

Убава вест: За три дена оздравени 140 болни од Ковид-19

Редакција

(Видео) Неверојатни сцени од Анкара: Песочна бура го проголта градот

Редакција