еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Осум Македонци на листата Топ 100 најбогати луѓе во регионот за 2024 година

И оваа година српскиот магазин „Недељник“ објави листа на 100 најбогати луѓе во регионот.

Важно за оваа листа е дека, како и што напоменуваат од таму е дека рангираните бизнисмени не се на истата поради нивното лично богатство, туку според проценки на вредноста на компаниите кои ги раководат или се во нивна сопственост.

На листата има осум бизнисмени од Македонија.

На 32. место е Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор (УО) на Алкалоид АД Скопје, а вредноста на компанијата се проценува на 784.183.300 милиони евра.

На 44. место е претседателот на УО на Макпетрол АД Скопје, Андреја Јосифовски, а вредноста на компанијата се проценува на 625.492.580 милиони евра.

На 47. место е сопственикот на ИГМ Трејд, Илија Гечев, чија компанија се проценува на 573.787.416 милиони евра.

На 85. место е Гоце Камчев (кој почина минатата година), основач на КАМ маркет Скопје, чиј ланец на маркети се проценува на 274.590.435 милиони евра.

На 88. место е Слободан Кутревски, извршниот директор и член на УО на Пекабеско АД Скопје, а вредноста на компанијата се проценува на 267.171.362 милиони евра.

На 89. место е Страшо Милковски, претседателот на УО на Гранит АД Скопје, а вредноста на иста се проценува на 265.799.470 милиони евра.

На 97. место е Владимир Тодоровиќ, сопственикот на Тинекс, чиј ланец на маркети се проценува на 217.957.480 милиони евра.

На 100. место е Висар Јакупи, генерален менаџер на Кипер маркет Желино Тетово, а вредноста на ланецот е проценета на 209.995.590 милиони евра.

На врвот на листата се Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ од Хрватска, кои раководат со компанијата Инфобип, проценета на 3.097.663.106 евра.

Истата е изработена во соработка со неколку медиуми од регионот, исклучиво само според јавно достапни информации, а во изработка на истата помогнала и инвестициска банка од регионот.

Целата листа ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачен пар се удави во Радика, откако нивниот автомобил излетал од патот

Редакција

Најчевска за изборот на Абази: За мене овој избор е само уште една цигла во зградата на мафијата која ја држи државата во заробеништво

Редакција

Град Скопје склучи договор со ЕОС вреден 575.610 евра

Редакција