еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Отворени и телефонски броеви за помош на 16-годишната Ана

Отворени се и телефонски броеви за помош на 16-годишната Ана Радевска на која и е потребна нашата помош за лекување во Германија, кое чини 37 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да и помогнеме на 16-годишната Ана за лекување во Германија

Во акцијата за помош на Ана се вклучи и групата ДНК, која донираше пари и ја посети во нејзиниот дом.

-По објавата на социјалните мрежи, веднаш стапивме во контакт, отидовме на гости и лично ја запознавме Ана Радеска на која што во моментов сме и многу потребни.

Ана има 16 години, ученик при средното училиште “Орце Николов”, прекрасно и воспитано девојче кое е во најубавите тинејџерски денови и кога освен на дружење, школо и симпатии не би требало да се замара со ништо друго. За жал животот и приредил непланирана “препрека” која сме убедени дека сите заедно сплотени ќе ја поминеме без никаков проблем!

Дијагностицирана и е ретка болест “Arnold – Chiari Mafirmation” за чија интервенција се потребни 37.000 евра, која треба да се случи во Бамберг (Германија) најдоцна до крајот на февруари.

Заедно со Ана од срце ве замолуваме да бидете хумани за што поскоро да се заврши целиот процес и Ана повторно да биде безгрижна и да се “замара” со работи кои на нејзини години треба да и бидат секојдневие.

Како ДНК дониравме 30.000 денари (за жал толку можевме и толку дозволува нашиот буџет), но веруваме дека секој еден од вас кој е во можност би можел да сврти барем еднаш на телефонските броеви и да ја сподели информацијата за да ги собереме потребните средства.

Оние кои можат повеќе имате и транскациска сметка, но и телефон контакт од Сашка, мајката на Ана со која ќе се договорите околу понатамошните инструкции, напишаа од ДНК на Фејсбук.

Броевите за донации:

Телеком – 143 115

А1 – 143 479.

Трансакциска сметка за донации:

СТОПАНСКА БАНКА

АЛЕКСАНДРА РАДЕСКА

200001580828877

IBAN: MK07200001578950084

SWIFT: STOBMK 2X.

Контакт Телефон:

Сашка 071 228 495.

Фото: ДНК/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува за еден, бензините за половина денар

Редакција

Убава вест: Оздравени 479 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка

Редакција