Детето од автомобилот кој излета во Вардар, кое беше спасено и префрлено на Клиниката за детска хирургија наскоро ќе биде пуштено на домашно лекување.
„Детето е во стабилна општа состојба, не е витално загрозено. Од денеска се наоѓа на оддел, значи не е повеќе на интензивна нега. Очекувам наскоро да биде пуштено на домашно лекување.
Вчера имаше интензивен мониторинг, денеска контролни по протокол, биохемиски параметри за споредба, стабилно е, мислам дека сѐ ќе се разреши поволно за детето, кое има пет години,“ изјави за државната агенција МИА директорот на Детска хирурија во Скопје, Лазо Јовчески.
Инаку два дрона како и екипи трагаат по А.А. (56) од селото Грчец, кој бил во возилото пред да излета од патот.
Од полицијата денеска ги објавија и идентитетите на загинатите во несреќата, женските лица Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), од Грчец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Три жени загинаа во несреќата во која автомобил излета во Вардар, се трага по маж