еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, најави Мицкоски

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, но не само во Скопје, туку и во другите градови, каде што имаме универзитетски кампуси и центри, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Осумнаесет милиони евра ќе бидат вложени за двата државни студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“,

Реконструкцијата на овие студентски домови е во тек, а истата се очекува да биде завршена следниот период.

„Тие два студентски дома ќе бидат реконструирани и таму е почната реконструкцијата. Во периодот кој што следи очекуваме таа да биде завршена. Мислам дека во моментов се изведуваат електричните инсталации, но исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата. Така што, тоа е и едно од оние ветувања кое што го ветивме за студентите и за младите“, истакна Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за несреќата во Чаир во која загинаа двајцата браќа

Редакција

(Фото) Финансиерот на бугарските клубови дели пакети со храна со слика на Цар Борис Трети

Редакција

(Фото) Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“

Редакција