Од Беса, која е дел од коалицијата „Вреди“, која ќе биде дел од идната влада, ги соопштија кандидатите за министри и заменик министер.
Иден министер за социјална политика, демографија и млади ќе биде Фатмир Лимани, министер за економија и труд ќе биде Бесар Дурмиши, а заменик-министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани.
Тие треба да бидат изгласани во македонското Собрание.
Како што најави идниот премиер, Христијан Мицкоски, составот на новата влада во Собранието ќе биде доставен во вторник, а до 24. јуни се очекува Македонија да добие нова влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Беса
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.